Живот
20. February 2018 - 13:38

Таа имала 300 килограми: Погледнете ја нејзината трансформација по една година

Амбер Рачди од Орегон, САД, од секогаш имала вишок на килограми. Но со 24 години навистина имала премногу.  Имала 300 килограми и повеќе не можела да се грижи за себе. Се вратила кај родителите за да можат тие да се грижат за неа. Знаела дека не може така повеќе да живее и нејзиното момче ја подржавал за да направи некои промени.

Ја напуштала куќата само да купи храна и била зависна од електрична количка. Дебелината на Амбер не и влијаела само психички туку и физички. Тенки слоеви на кожа морала да ги мие со долга четка за да не се инфицираат. На крајот се пријавила на емисијата„Мојот живот со 300 килограми“ за да проба да симне од килограмите. Тогаш јадела повеќе од 4 големи оброци дневно, плус многу благо. Колку повеќе била несреќна, толку повеќе јадела.

Повеќе не можела да спие со своето момче затоа што била премногу дебела. Повеќе немале секс. Одлучила да вградат гастртичен бајпас. Имало голем ризик од операција поради нејзината дебелина. РоРоуди бил загрижен за неа. пред операцијата морала да ослабе 10 килограми. Амбер била одлучна. Се вратила во Тексас за да биде блиску до докторот кој ја водел нејзината операција. Исто така започнала со нова, здрава исхрана. За три месеци ослабела 7,7кг. Конечно била спремна за операција.

Тоа било почеток на нејзиниот нов живот. седум месеци по операцијата ослабела повеќе од 40кг. Со оваа голема мотивација, почнала да вежба и коинтинуирано да губи тежина. Дванаесет месеци по операцијата изгубила 65кг. Било тешко да се препознае. Докторот Ноузараден биил горд на неа и се сложил со тоа дека треба да и се отстрани вишокот кожа.

Амбер продолжила со здравиот начин на живот и почнала да оди кај психолог за да научи како да ги контролира проблемите на некои друг начин, а не со јадење. По годините кога патела од депресија, Амбер повторно се чувствувала среќно.

Сеуште треба да намали на килограми, за да може да ја достигне посакуваната тежина, но е на добар пат.