Живот
15. February 2016 - 13:02

Таа е првата Македонка која влезе во шестиот круг на Пинкови ѕвездички!

Елена Бимбиловска е првата Македонка која настапи во петтиот круг на музичкото талент шоу Пинкови ѕвездички и се пласираше директно во наредниот круг.

15 годишната стружанка ја изведе фасцинантно баладата „Меланхолија“ чиј оригинален изведувач е Јелена Томашевиќ, инаку член на жирито на натпреварот.

Елена досега не ги изневери никогаш ниту судиите, ниту публиката, а кој ќе ѝ се придружи во шестиот круг од останатите две учеснички од Македонија, останува да дознаеме во наредните две недели.