Таа е Mакедонка, а тој од Египет: Направија македонско-арапска свадба за која долго ќе се раскажува
Слаѓана и нејзиниот избраник Фарук ја направија свадбата која долго ќе се помни и прераскажува како една од најубавите било кога направени. Катар е земјата каде работата и љубовта ги спои овие две души. Слаѓана работи со медицинска опрема, а Фарук е доктор. Таа е Mакедонка, а тој е од Египет, објави порталот Во Бело.
Својата љубов ја крунисаа првично во Катар и тоа на 1 декември( роденденот на Слаѓана), а потоа направија и свадба на Малдивите. Летово тие направија и традиционална македонско- арапска свадба во Македонија. Сите адети и традиции беа испочитувани.
Од китење на младоженецот до сечење на тортата со традиционален арапски меч кој за таа пригода беше донесен од Катар. Свадбената веселба беше мешавина на традиционални македонски и арапски песни.
Погледнете ја галеријата на овие среќни младенци и уживајте во убавините на една навистина бајковита свадба.
Ново на Сител
-
Расчистена кражба во Гостивар
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата