Таа беше првата југословенска старлета: Зорица е нанадмината секс бомба
Денеска сталети има многу, како Станија, Сораја или Тијана, но првата старлета на овие простори е белградската убавица Зорица Гајдаш.
Доволно било оваа фатална русокоса само на минување да погледе некој маж, а тој да посака да и ги исполни сите желби.
Зорица била секс симбол на Југославија, а се прослави со филмот “Лито виловито“ во кое пленуваше со својата фигура и истакнатите облини. Позната е и по филмовите „Бурдуш“ но и серијата „Божана“.
Иако во тој период имаше уште атрактивни актерки, Зорица беше број еден по убавина и популарност.
Со години се раскажуваше како успеала славниот диригент Рубин Мехта да го заведе. Кога на крајот од концертот во Дубровник и се поклонил на публиката, ја здогледал како седи во елегантен фустан и како што се раскажува, останал без здив.
Во споредба со денешните старлети, кои сакаат да ги истакнат градите, задникот, усните и тие делови главно им се естетски корегирани, Зорица била природна убавица.
Се раскажувало дека никој нема толку тенка половина и совршено тело како таа. Единствена сличност со денешните старлети, и поради кое ја исмевале, е само „недостатакот на памет“.
Според една анегдота, Матија Беќковиќ и поставил прашање: „Дали сте прочитале барем една книга?“ Таа одговорила: „Па зар е тоа важно“:
Зорица била и дел од скандал. Иако никогаш не ги предизвикувала, често била во друштво на познати и истакнати мажи чии жени секогаш и правеле проблем.
Ако е за верување старите боеми, прераскажувале за нејзината убавина и се дружеле со Зорица во ноќниот живот на Белград, зошто била најубава и најчедна жена во тоа време.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море