„Та Неа“: Договорите меѓу Скопје и Софија се порака до соседите
Под наслов „Договорите меѓу Бугарија и ПЈРМ се порака до соседите“, грчкиот весник „Та Неа“ се осврнува на десетте потпишани билатерaлни договори, меморандуми и протоколи за сорaботка на првата заедничка седница на владите на двете земји одржана вчера во Струмица.
Договорите се за соработка во секторите на енергетиката, одбраната, туризмот и технологиите, а компетентните министри потпишаа договор за проучување на мартшрути за изградба на нова гасна врска меѓу двете земји. Во тоа истражување ќе биде земен предвид и текот на реализиција на гасните врски меѓу Грција и Бугарија, и Бугарија и Турција, јави БТА повикувајќи се на грчкиот весник.
„Та Неа“ го цитира македонскиот премиер, дека со договорите политичките раководства на двете земји испратиле силна порака кон регионот и целиот свет, дека на тој начин се гради пријателство, се спроведува политика на добрососедство, се развива соработка и се обезбедува долгорочна стабилност.
Исто така се истакнува дека бугарскиот премиер ја поддржал перспективата за членство на Македонија во НАТО и ЕУ и оти следното бугарско претседателство со Европскиот совет, како и следните претседателства на Австрија, Романија, и Хрватска ќе треба да бидат искористени со цел во следните две години да има реален напредок во однос на европската перспектива на Западен Балкан, а во тие рамки и на Македонија.
Во текстот се истакнуваат и дадените уверувања на двајцата премиери, дека до крајот на годината Договорот за пријателство, добрососедство и соработка ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји и оти се чека одговор од Бугарската православна црква на писмото од МПЦ во кое македонската црква побара од бугарската да и биде „црква –мајка“.
Во врска со ова „Та Неа“ пишува дека „православната црква на ПЈРМ во 1967 еднострано се отцепи од српската патријаршија и објави автокефалност, која не ја признава ниту една православна црква во светот“.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари