Свет
9. May 2017 - 20:55

СЗО: Во Јемен 34 лица починаа, а 2.022 заболени од колера

Во Јемен изминатите две недели 34 лица починаа, а околу 2000 заболеа од колера, соопшти Светската здравствена организација.

- Се случија 34 смртни случаи поврзани со колера, а забележани се 2.022 случаи на дијареа во девет гувернати, вклучувајќи го и Сана, се навеудва во соопштението на СЗО.

Сето тоа се случило во периодот од 27 април до 7 мај.