Свет
27. January 2016 - 9:40

СЗО предупредува на ширење на опасниот вирус Зика

Светската здравствена организација предупредува дека опасниот вирус Зика може да се прошири на голем број држави и најверојатно ќе се прошири во Јужна и Северна Америка.

За тој вирус што го пренесуваат комарци не постои лек, а инфекцијата предизвикува зголемена температура, конјуктивитис и главоболки.

Вирусот е најопасен за бремените жени бидејќи влијае на фетусот, а децата се раѓаат со оштетувања на мозокот што може да предизвика и смрт.

Научниците тој вирус го поврзуваат со оштетувања на мозок кај повеќе илјади новороденчиња во Бразил.

Досега вирусок Зика е регистриран во 23 држави.

Речиси 80 отсто од заразените луѓе не знаат дека во себе го носат вирусот се додека не се појават симптоми.

Директорот на Институтот  за алергии и инфекции во САД вели дека ситуацијата со вирусот се влошува од ден во ден. Лекарите советуваат  засега само избегнување на патувања во држави каде е регистриран вирусот.