СВР Куманово го одбележа Денот на превенцијата
Отсекот за превенција од СВР Куманово денеска организираше свечен прием за претставниците од локалните власти на шесте општини од североисточниот регион, од институциите, здруженијата со кои соработува во пресрет на 9 декември, Денот на превенцијата. Пред присутните беше презентиран видео материјал подготвен од учениците од средни училишта кои се дел од различните проекти кои овој отсек од СВР Куманово ги спроведува изминативе години.
Началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ рече дека отсекот за превенција реализира голем број проекти со кои ја доближува работата на полицијата до граѓаните.
Беа доделни благодарници на институциите, здруженијата на граѓани со кои отсекот за превенција соработува.
Виолета Богдановска, од отсекот за превенција, информираше дека годинава одбележуваат девет години од превентивната работа, како посебна организациска единица во рамки на работењето на полицијата.
- Овој ден го искористивме да се заблагодариме за досегашната соработка, но и да размениме идеи за идни соработки, изјави Богдановска.
По повод Денот на превенцијата беа реализирани повеќе манифестации, шаховски турнир, посета на деца од основни училишта во просториите на СВР Куманово, кои учествуваа на литературен натпревар, а до крајот на неделава се очекува да се спроведе и мешана патрола на припадници на полицијата и родителите на места и кафе барови каде што излегуваат малолетниците.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж