Својата ќерка ја носи со поводник врзана како куче: Неговото објаснување го дигна светот на нозе
Еден татко од Орегон, кој води страна на Фејсбук одлучи да објасни зошто неговото дете на улица го води врзано со поводник.
- Бевме на пазар и го врзав детето на поводник. Таа е диво дете и тоа ја спречува од тоа да излеза на улицата или да ја турне раката во машина за сладолед. Да не користев поводник додека бевме во забавен парк, зоолошка градина или шопинг центар сега веќе би била изгубена - напишал Клинт Едвардс.
Додава дека приметува осудувачки погледи, но сепак сигурноста на неговото дете му е на прво место.
- Ќе се смири како и другите деца. Но додека не се случи тоа, ќе направам се што е во моја моќ да ја задржам подалеку од опасност - заклучува тој.
Коментарите кои ги добил се поделени.
"Претходно ги осудував ваквите работи, а тогаш добив деца. Сега знам подобро", му коментирал еден од следбениците.
Вакви методи многу зборат за тоа каков родител си и колку ги разбираш основните методи за воспитување и чување на деца, напишал друг.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно