Македонија
22. March 2017 - 12:22

Светските и медиумите од регионот со голем интерес за вчерашните протести во Македонија

Вчера повеќе од 80.000 илјади граѓани излегоа на улиците на Скопје, а повеќе од 250.000 илјади низ целата држава, да кажат НЕ на Тиранската платформа и на притисоците од ЕУ.

Веста за протестите силно одекна и во светските медиуми, како и во медиумите од регионот.

Српски Телеграф пишува дека на улиците низ целата држава излегле повеќе од 250.000 илјади луѓе, додека на улиците на нашиот главен град имало над 100.000 луѓе. Во текстот пишува дека граѓаните порачуваат дека нема да дозволат Албанска влада и платформи од туѓи држави да одлучуваат за Македонија.

telegraf foto

Во текстот на српски Пинк пишува дека повеќе од 100.000 граѓани излегле на илиците во Скопје да протестираат против Тиранската платформа и барајќи да се зачува унитарноста на Република Македонија. Во тексто пишува и дека граѓаните му се заблагодариле на претседателот Ѓорге Иванов, кој ја откажа средбата со еврокомесарот Хан и терминот го даде за средба со граѓаните, средба до која сепак не дојде.

pink.rs foto

Правда.рс. претседателот Ѓорге Иванов го опишува како државник за пример, кој ја одби средбата со еврокомесарот Хан, упатувајќи јасна порака. Во текстот пишува, дека Иванов на Хан му порачал терминот за средба со него, да го искористи за средба со претставниците на граѓанската иницијатива „За заедничка македонија“, со кои претходно веќе имаше одбиено да се сретне.

pravda.rs foto

Срспки Информер пишува дека продолжуваат протестите ширум земјата, за да се отфрли Тиранската платформа и сочува унитарноста на Република Македонија. Во текстот пишува и дека на протестите во Скопје учествувале многу јавни личности, меѓу кои пијанистката Елена Мисиркова, која му порача на претседателот Иванов да не дозволи платеници од други земји и странски здружениа да се мешаат во внатрешната политика на Македонија.

informer.rs foto

Во текстот на српска Политика пишува дека граѓаните повторно се собрале на улиците во главниот град на Македонија, да кажат „НЕ“ за Тиранската платформа и уште еднаш да повторат дека ќе го бранат унитарниот статус на државата. Во текстот пишува дека учесниците на собирот му испратиле благодарност на претседателот Ѓорге Иванов, кој не подлегнува под притисоците од странскиот фактор. Во текстот е напишана и изјавата на еден од организаторите на граѓанската иницијатива Богдан Илиевски, кој вели: „Иванов не е човек со свиткана кичма и мандатот нема да го даде на политичари кои не сакаат да се откажат од странска платформа“

politika.rs foto

Граѓаните уште еднаш излегоа на улиците да порачаат да се отфрли Тиранската платформа и да се зачува унитарниот статус на Република Македонија, пишува во текстот на Блиц.рс, кој во насловот напиша „ОТФРЛЕТЕ ЈА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА – Нов протест на граѓанската иниицијатива За заедничка Македонија“. Во текстот пишува дека граѓаните се движеле по познатата маршута од Влада до Собрание, пеејќи патриотски песни. Во тексто се додава и дека граѓаните претставниците на граѓанската иницијатива бараат средба со еврокомесарот Хан, за тој да може да ги слушне и нивните барања и да знае точно зошто протестираат.

blic.rs protesti

Покрај медиумите од регионот, и светските медиуми известуваа вчера за протестите кои се одржаа низ целата држава.

Вашингтон пост во својот текст пишува дека повеќе десетици илјади граѓани излегле на улиците во Скопје, тие мавтајќи со црвено-жолти знамиња, извикуваа Македонија, Македонија.  Вашингтон пост пишува дека владејачките конзервативци го отфрлија барањето на малцинствата во првиот круг. Конзервативниот претседател Ѓорге Иванов, сепак, одби да го предаде мандатот на Социјалдемократите за да формираат влада, додека и тие не ги отфрлат барањата на Албанските партии.

vasington-post-640x258

И Мајами Хералд известуваше од протестите во Скопје, тие пишаа дека десетици илјади граѓани излегле на улиците во главниот град.  Тие покрај Скопје, напишаа дека протестие се организираат и на 42 други локации. Во текстот пишува и дека големи транспаренти биле истакнати по рутата по кај доаѓал Хан од аеродромот до главниот град.

majami-herald-640x194

Во текстот на „Гласот на Америка“ исто така пишува дека на улиците излегле повеќе десетици илјади граѓани, кои по улиците со црвено-жолти знамиња во рацете викале „Македонија, Македонија“. Во текстот се споменува и дека двете најголеми македонски партии, победникот на изборите ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ немаат доволно пратеници за да можат да состават влада, а поради тоа Албанските партии сега бараат нивниот јазик да стане втор официјален.

voa foto