Светската финансиска елита на меѓународна конференција во Скопје
Македонија денеска е домаќин на меѓународна конференција на која ќе присуствуваат еминентни личности чие мислење е значајно за светските финансиски текови.
Меѓу нив се Беноа Кере, еден од шесте постојани членови на Европската централна банка, Тао Џанг, заменик главен директор на Меѓународниот монетарен фонд и Луиз Авазу Переира да Силва, заменик главен директор на Банката за меѓународни порамнувања. Најавено е присуство и на гувернерот на централната банка на Исланд и на вицегувернерите на централните банки на Чешка и Литванија, како и на претставници од најголемата финансиска корпорција за управување со финансиски средства во светот - БлекРок.
Организарот на конференцијата е Народната банка на Република Македонија од каде велат дека овој настан е ретка можност за Македонија. Се работи за глобален настан на кој светската финансиска елита ќе разговара за глобалните макроекономски движења, глобалниот раст, инфлацијата, продуктивноста, геополитичките ризици, како и поставеноста на монетарните политики на меѓународно влијателните централни банки и нивните ефекти врз финансиската стабилност и пазарните движења.
Поканети се околу 200 гости од кои 80 се од странство. Конференцијата ќе биде поделена на четири сесии, а целта е да се направи оцена на тековната состојба и на идните изгледи на глобалната економија.
Конференцијата се организира во соработка со Комитетот за преобразување на Брентон Вудс.
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница