Бизнис
17. January 2017 - 19:39

Светската елита во Давос, ќе се бара начин за намалување на социјалната нееднаквост

Прославата на капитализмот започна. Од денеска до сабота светската елита е сместена во швајцарското алпско село Давос.

Престојот е бесплатен само за тие што плаќаат годишна чланарина од половина милион долари. Сите останати плаќаат огромни суми.

Само за пристап на состаноците котизацијата чини 50.000 евра. Лани организаторот, Светскиот економско форум, за четири дена од котизација заработил 200 милиони евра.

Сопственикот на најлуксузниот хотел ангажирал дополнителни 200 работници за овие четири дена. Го критикуваат дека персоналот е сместен во мали соби, и тоа по петмина кои спијат на кревети на спрат. 

И токму ова сместување на персоналот е топ тема на форумот годинава - расте нееднаквоста, односно се поголеми се разлики меѓу богатите и сиромашните. Во најновиот извештај објавен вчера се повикуваат повика светските влади како клучна цел да го стават зголемувањето на животниот стандард на граѓаните, а не како досега економскиот раст. Форумот објави дека насочувањето на вниманието на економскиот раст, што е случај во последните години, веќе не и служи на целта и предлага политиката да се пренасочи на барање ефективни одговори за намалување на несигурноста и нееднаквоста.

На форумот ќе се разговара и за Трамп и за Брегзит, но и за Кина. Годинана прв пат во Давос е приустен кинескиот претседател. Тој со неговата делегација која брои 100 члена предивика тектонско пореметување на форумот, но на задоволство на домаќините.

И без кинезите Давос е најобезбедуваното место на планетата днеовиве. За безбедноста на 3000 претставници на светската политичка и бизнис елита ќе бидат потрошени 9 милиони швајцарски франци.