Светската банка: Српската економија во 2017. ќе забележи раст од три проценти
Се очекува економскиот раст на Србија во текот на оваа година да забележи раст од три проценти, но Белград треба да продолжи да ги продава државните фирми-загубари и да инвестира во образованието и здравството, со цел да го зајакне растот во следната деценија, изјави денеска директорката на Светска банка за Западен Балкан, Елен Голдстејн.
- Очекуваме раст од 3,3 до 3,5 отсто во 2017 година, нагласи Голдстејн на форумот во Копаоник.
„Србија претставува околу половина од економијата на Западен Балкан, па насоките на Белград ќе се одразат и врз економскиот раст на целиот Западен Балкан“, посочи регионалната директорка.
Таа додаде, дека Србија, исто така, треба да се фокусира на реформите во образовниот и здравствениот систем, како и во државната администрација, со што тие ќе можат поефикасно да ги користат финансиските средства.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот