Македонија
4. September 2015 - 17:00

Светска премиера на македонскиот филм „Три дена во септември“

Светска премиера на  ,,Три дена во септември ,, дебитантскиот  игран филм на режисерот Даријан Пејовски   на овогодинешниот  Светски Филмски Фестивал во Монтреал .Првата проекција пред публиката се одржа вчера, а  денес  се одржа  и втората проекција.

Фестивалот  со долгогодишна традиција се одржува по 39 пат во периодот од 27 август до 7септември.О ва е единствениот фестивал  од Северна Америка,  кој е впишан на листата од  само 15 натпреварувачки фестивали во светот  на FIAPF  Меѓународната Федерација на Асоцијации на  Филмски Продуценти. Тоа е единствената  организација  одговорна за регулирање на филмските фестивали на светско ниво.

,,Три дена во септември ,,  во  програмата Светската компетиција на дебитантски     филмови, ќе се натпреварува за една од наградите :  Златен, Сребрен, и Бронзен Зенит.

Филмот е во продукција на Скопје Филм Студио . Во Монтреал го претставуваат режисерот Даријан Пејовски  и продуцентот Томи Салковски.

Се очекува  негово прикажување на голем  број  реномирани светски фестивали.