Светска премиера и награда за „Ловци на вештерки"
По премиерното прикажување во официјалната програма на Интернационалниот „Tiff kids“ фестивал во Торонто, „Ловци на вештерки" ја освои и наградата за најдобар филм од т.н. младо жири, Best young joury award TIFF Kids.
„Ловци на вештерки" е приказна за вистинско другарство на две деца, за Јован, десетгодишно момче родено со делумнa церебрална парализа, кое преку својата имагинација бега во светот на фантазијата.
Филмот е во режија на Рашко Миљковиќ, сценариото е напишано од Марко Манојловиќ и Милош Кречковиќ, а во него играат Михајло Милавиќ и Силма Махмут, како и Јелена Докиќ, Милутин Милошевиќ и нашата светски позната актерка Јелена Јованова. Директор на фотографија е Микша Анѓелиќ, костимограф Ирена Атанасовска, монтажер на филмот Ѓорѓе Марковиќ, додека снимател на звукот е Игор Поповски.
Во оваа српско-македонска копродукција, продуцент е Јована Караулиќ од Акција Продукција, а копродуцент Огнен Антов од „Дрим фектори“.
Ново на Сител
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште