Спорт плус
8. July 2017 - 10:13

Светска лига: Финале за Бразил и Франција

Домаќинот Бразил и репрезентацијата на Франција ќе играат во финалето на Светската лига во одбојка. Ова е епилогот по полуфиналните средби одиграни ноќеска.
 
Бразилците беа поуспешни од одбојкарите на САД со 3-1, по сетови 25:20; 23:25; 25:20 и 25:19.
 
И второто полуфинале беше решено во четири сета. Франција со 3-1 ја совлада Канада (25:19; 22:25; 25:19 и 25:21).
 
Финалето е закажано за ноќта меѓу сабота и недела (4:05 часот) по средноевропско време, додека три часа порано (1 часот) во дуелот за третото место ќе играат Канада и САД .