Свет
16. January 2017 - 15:51

Светска банка: Потребни се реформи на финансиите во западен Балкан

Земјите од западен Балкан треба да извршат ребаланс на своите финасиски сектори, со цел да обебзедат долгорочен економски раст на регионот, оценува Светската банка во својот извештај „Управување со финасиските трансакции за инклузивен раст во Европа и Централна Азија“.

Во извештајот, објавен денеска во Виена, се наведува дека преголемото потпирање на банкарските кредити резултирало со недоволен развој на пазарите на капитал и со зголемување на бројот на нефункционални кредити во регионот.

Светската банка смета дека развојот на финансискиот сектор не треба да се ограничи само на подобрување на пристапот до банкарски кредити, туку треба да им се овозможи на финансиските системи да се развиваат на избалансиран начин и во банкарскиот и во осигурителниот скетор, со цел да се поддржи инклузивниот раст.

- Наспроти постигнатиот напредок во регионот по завршувањето на глобалната финансиска криза, финасискиот сектор мора да стори многу повеќе за да овозможи одржлив и правичен раст, изјави гувернерот на Австриската национална банка, Евалд Новотни, при претставувањето на извештајот. 

Според податоците на Светската банка, 16 проценти од кредитите во земјите од Западен Балкан се нефункционални, што е меѓу највисокото ниво во светот. Од друга страна, само 38 проценти од населението штеди, што е далеку под просекот во земјите во развој, каде изнесува 54 отсто.

Во извештајот се нагласува и дека друг проблем за западнобалканските земјите е недоверба во банките, која е поголема во споредба со кој било друг регион во светот.

- Надминувањето на оваа недоверба и зголемувањето на разновидноста на финансискиот систем во регионот се императив за одржлив и инклузивен раст. За тоа е потребна дополнителна меѓународна соработка, бидејќи разновидниот и стабилен финансиски системи бара поголем обем од оној што можат да го обезбедат земјите во регионот, оценува главниот економиски советник на Светската Банка за Европа и Централна Азија, Ханс Тимер.

Во извептајот се потенцира дека за обезбедување на одржлив и инклузиивен раст земјите од западен Балкан треба да обезбедат балансиран финансиски развој.

- Земјите од западен Балкан најдобро ќе можат да обезбедат инклузивен раст, доколку се фокусираат на подобрување на финансиската ефикасност, зголемување на штедењето и развој на пазарите на капитал, оцени директорот на Светската банка за Западен Балкан,  Елен Голдстејн.