Светска банка: Македонија меѓу земјите со најголем раст и број на нови работни места во регионот
Со проектиран раст од 3,2 отсто за годинава и со најголемо намалување на стпката на неврабетност, Македонија во осмиот по ред извештај на Светска банка за Југоисточна Европае е меѓу земјите со најдобри економски резултати. Растатат инвестициите, домашната потрошувачка, а Македонија е нотирана и како земја со најголем пораст на извозот.
Во извештајот, Македонија во регионот, има најголем пад на стапката на невртаботеност. Зголемениот број на ново- отвоерни работни места дирекно влијаеа и на намалување на процентот на сиромаштијата, особено во периодот од 2010 до 2013 година со што значително се подобрени условите за живот и во идина се очекува процентот на сиромаштија дополнително да опаѓа.
Во однос на финансискиот сектор Македонија стои најдобро во регионот. Кредитниот раст кој лани се зголеми за 10 отсто продолжува и годинава, нефункцонланите кредити се под просек, јавниот долг е еден од најниските во регионот но со задолжувањето треба да внимаваат сите земји од Југоисточна европа особено Црна Гора Србија и Албанија чиј долг изнесува 70 отсто од БДП.
Светска банка сугерира сите земји да обрнат внимание на фискалниот дефицит, да се продлжи со воведување на структурни реформи и со намалување на невработеноста особено кај младите, со цел приближување кон ЕУ стандардите. Во однос на целиот регион, банката очекува сите 6 држави, годинава да имаат позитивни стпаки на раст што не беше случај лани.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар