Свет
26. September 2016 - 10:49

Светска банка ќе претстави извештај за Југоисточна Европа

Во Сараево, утре, преку видео врска од Брисел, ќе бидат претставени наодите во десетиот „Редовен економски извештај на Светската банка за Југоисточна Европа, јави Фена.

Светска банка ќе го претстави десетиот извештај за најновите економски движења во земјите од Југоисточна Европа - Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.

Извештајот во Брисел ќе го претстави директорката на Светска банка за земјите од Југоисточна Европа, Елен Голдстеин, и менаџерот за пракси на Светска банка, Галина А. Винцелете.