Бизнис
16. November 2017 - 19:42

Светска банка бара зголемување на границата за пензионирање, намалување на субвенции, промена на даночните политики

Светска банка предлага модел за да се намали минусот во фондот за ПИОМ и фондот за здравство.  Не се  исклучува можноста и за зголемување на старосната граница за пензионирање.  Од банката посочуваат дека  зголемувањето на пензиите изминативе години било нереално и не одговарало  со порастот на  трошоците за живот.. Загубата  се покривала од буџетот , но цехот сега  некој ќе мора да го плати .
 
 Реално пензиите  изминативе години се очекуваше да пораснат 7 до 8%, а  секоја година линерано се зголемуваа, односно пораснаа за 20%. Тоа не е оджливо на долг рок и затоа сега се бара начин како да се намалат буџетските пари за нормално фукционирање на фондот, изјави Бојан Шимбов, Светска банка.
 
Од Светска банка со забелешки и за проектот Македонија вработува, каде газдите беа ослобени од плаќање придонеси, што дополнително ги намалија парите за придонесите во фондот.  Препорачуваат намалување на субвенциите за земјоделците,  подобра наплата на даночните приходи, преку  ревидирање на даночните стапки, ефикасност во социјалните транфери.
 
Владата мора внимателно да го насочува секој еден потрошен денар, вели Барбара Куња, Светска банка. 
 
Во најновиот Извештај Светска банка прогнзира дека Македонија ќе има најмал раст на економија оваа година од само 1,5%, пред се поради политичката криза. Подоброи бројки се очекуваат наредната година, каде главен двигател на растот ќе бидат приватана потрошувачка,  пред се заради зголемената вработеност, растот на извозот и капиталните инвестиции, поттикнати од изгдбата на двата автопати.  
 
Растот на економијата мора да забрза , затоа што ако се продолжи со вакво термо стандардот на земјите членки на Унијата ќе го достигнеме за 60 години. Доколку истиот се забрза ќе ни бидат потребни само 20 години, заклучија од банката.