Балкан
20. December 2016 - 16:30

Светот во шок по атентатот на рускиот амбасадор во Турција

Во Анкара веќе  пристигна тим од 18 руски истражители кои заедно со турските колеги  ќе спорведат истрага за  бруталното убиство на највисокиот руски дипломат во Турција и да ги откријат организаторите. Ликвидацијата на Андреј КАрлов има за цел да го поткопа процесот на нормализација на руското –турксите односи  согласни се и Путин и Ердоган.

- Стореното кривично дело  несомнено е  провокација  со цел  да им  наштети  на односите меѓу Русија и Турција, како и  мировниот процес во Сирија, за кој активно ќе придонесат  Русија, Турција и Иран и други  земји заинтересирани за регулирање на сирискиот конфликт. Има само еден можен одговор на тоа -  зајакнување на борбата против тероризмот, која бандитите ќе ја осетат   директно , рече претседателот на Русија.

- По инцидентот  (нападот на рускиот амбасадор)за време на разговорот со господинот Путин се договориме дека ова е навистина провокација и за тоа нема сомнеж. Русите предложија дека би било поефикасно да се спроведе заедничка истрага и нема проблем од наша страна , порача турскиот претседател

Убиецот на рускиот амбасадор е  22 годишниот  Мевљут Мерт Алтинташ кој бил  вработен во турската полиција пред две и пол години.  Во  Андреј Карлов испукал 9  куршуми  а за време на нападот извикувал  Алах Акбар и Одмазда за Алепо. 15 минути подоцна потоа полицијата го убила атентаторот  а амбасадорот  им подлегнал на повредите во болница.

Инцидентот  се случи  вчера во една глаерија во Анкара   за време  на  отворањето на изложбата на фотографии  со име Русија, во очите на Турците.  Убиецот на изложбата влегол со полициска пропусница. Мевљут Мерт Алтинташ , Турските власти го прогласија за приврзаник на организацијата  на исламскиот проповеденик Фетула Ѓулен. Во врска со инциднето уапсени се 5 лица.. Меѓу нив се мајката, сестрата и таткото на напаѓачот, како и две други лица.

ЕУ, НАТО, САД, Франција, Германија   го осудија  убиството на амабасадорот, нарекувајки го одрватно, кукавичко и дивјачко.