Свет
17. November 2016 - 11:56

Светот во шок: На 44 години почина еден од најпознатите фубалери во регионот

Романската јавност е во шок по ненадејната смрт на Даниел Продан, еден од најмаркантните фудбалери од „златната“ ера на фудбалот во оваа земја. Продан починал ненадејно од инфаркт додека гледал телевизија на 44-годишна возраст.
 
Во играчката кариера Продан го носеше дресот на Стеауа, Атлетико Мадрид, Глазгов Ренџерс и Месина. Како тренер кратко ја водеше романската млада репрезентација.