Џет-Сет
13. November 2017 - 20:39

Светот во шок, двајца англиски репрезентативци фатени пред ноќен клуб во незгодна поза

Репрезентативците на Англија добија слободна вечер од селекторот Герет Саутгејт, но поедници претераа со опуштањето.

По ремито без голови во пријателскиот натпревар со Германија, неколку фудбалери заедно влегоа во еден ноќен клуб.

Четворица се фотографирани кога го напуштиле тој клуб во саботата наутро во 3.30 часот!

И додека играчите на Манчестер Сити, Џон Стонс и Кајл Вокер, се обидуваа да се скријат од папараците ставајќи јакна преку главата, односно дланки преку лицето, Џон Харт и Киран Трипијер не се криеја.

На сите да им биде уште почудно, голманот на Вест Хем и десниот бек на Тотенхем се држеа за раце! Тоа ја заинтригира англиската фудбалска јавност.

Англиската репрезентација во склоп на подготвките за Светското првенство во вторник игра против Бразил.