Бизарно но вистинито
9. September 2016 - 18:26

Светот отиде во бестрага - Мајка се зема со својата ќерка откако се разведе од синот

 
На една мајка од Оклахома и се заканува казна затвор откако е откриено дека се земала со својата родена ќерка! Полицијата открила дека предходно била мажена за својот син.
Патрисија Сапен се земала со својата ќерка Мисти Спен во март оваа година, а се дознало и дека пред шест години била во брак со својот син Џоди.
 
Патрисија имала три деца, два сина и една ќерка која и е одземена поради занемарување на родителските должности. Откако повторно добила старателсто над еден од синовите, таа го однела кај матичарот и се омажила за него.
Година потоа, 2008 г. синот Џоди поднесол барање за поништување на бракот наведуваќи дека се работи за инцест. 
 
Пред две години во куќата на оваа мајка се вратила нејзината ќерка Мисти, со која Патрисија отпочнала љубовна врска. Тие двете се венчале во март оваа година, а матичарот одобрил бидејќи во кршетеницата никаде не пишувало дека Патрисија и е мајка. Нивната болна врска ја откриле припадниците од Ценатрот за социјални работи во август оваа година.
 
“Мислев дека се е во ред да се венчам со нејзе, бидејќи во дукументите никаде не пишува дека сум и биолошка мајка“, рекла мајката Патрисија на сослушувањето. Полицијата на овој пар му одредила притвор со кауција од 10.000 долари. И понатака се нејасни мотивите на оваа болна врска, и за тоа дали имало физички однос помеѓу Патрисија и нејзините деца. Во секој случај американскиот закон браковите со деца ги третира како инцест, без оглед дали имале односи во бракот или не.