Џет-Сет
11. January 2016 - 9:50

Светот окован во црно: Легендарниот пејач 18 месеци тајно се борел со ракот

Легендата на светската музичка сцена, Дејвид Боуви, 18 месеци се борел со ракот далеку од очите на јавноста. За ова знаело само неговото семејство, а борбата со оваа кобна болест ја водел подалеку од обожавателите.

Тој минатата недела објави нов албум, а беше еден од најуспешните пејачи во 20 век.

Шоубизнисот тажи по Боуви, социјалните мрежи се преплавени со сочувства од шокираните колеги и соработници, како и од обожавателите.

Неговиот син Данкан Џоунс, познат и како Зови Бови, потврди за смртта на својот татко и на Твитер објави порака во која со жалење ги потврдува трагичните вести.

И покрај тоа што во минатите неколку години беше подалеку од очите на јавноста, тој не даде никаков знак дека се бори со ужасната болест, па веста за неговата смрт сите ги шокираше.

Дејвид Боуви има две деца, синот Данкан од првата жена Енџи, како и 15-годишната ќерка Александрија, која ја има со супермоделката Иман.

Тој почина на возраст од 69 години, а зад себе остави траен белег во светот на музиката.