Loading Video...
Свет
7. December 2017 - 23:39

Светот го осуди потегот на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел

Погрешен , нелигитимен, провокативен и многу опасен.  Вака арапските и муслиманските лидери го оценија потегот на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Слични  се  реакциите и на ОН, ЕУ и европските лидери, бидејки Тrамп ја  прекршена  резолуцијата  на Он според која -статусот на светиот град треба да се реши само помеѓу Израел и палестинците и и со тоа го ризикува мирот на Блискиот исток.

Нема план Б. Само се реализација на визијата за две држави кои живеат рамо до рамо ви мир, безбедност и меѓусебно признавање, со Еруслаим како главен град на Израел и Палестина и сите прашања за конечнито статус трајно се решаваат преку преговори, легитмните  аспирации на двата народа ке бидат постигнати.изјави генералниот секретар на Он, Антонио Гутераш.

Потегот на американскиот претседател  очекувано наиде на незадоволство кај палестинците кои го сакаат Источен Ерусалим за  престолнина на својата идна држава, додека пак израелскиот премиер го нарече историски и ги повика и другите држави да го следат примерот на САД.