Македонија
14. December 2017 - 10:46

Светот дозна за нас: Скопје најзагаден град, не излегувајте надвор

Скопје руши рекорди со загадениот воздух, ситуацијата е алармантна, а нивото на штетни ПМ10 честички е многу високо.

Вчера беше најзагадено во Ректорат и Карпош, каде ПМ10 честичките беа речиси 600, а не заостанаа ни другите скопски населби.

И утрово е екстремно загадено во сите скопски населби, особено Карпош, Ректорат, Лисиче, Гази Баба.

Скопје е рекордер меѓу сите градови по загаденоста на воздухот, се апелира да не се излегува од дома.