Спорт плус
17. October 2015 - 19:38

Свечено отворен Европскиот клупски куп во шах

Во хотелот Александар Палас вечерва свечено беше означен стартот на 31. Европски  клубски куп во Шах еден од најсилните шаховски шампионати што некогаш се одржал во нашата држава. 
Во присуство на државниот врв на чело со премиерот Никола Груевски  и бројни гости од  земјата и странство беше истакнато значењето на овој настан за нашата држава. Градоначалникот на општината  Карпош Стевчо Јакимовски, како организатори  на овој настан истакна дека Македонија е горда што ја доби организацијата на шаховскиот куп на кој учествуваат 5-мина некогашни шаховски прваци и воопшто шаховската елита од чии редови се очекува и наредниот светски првак. 
Македонија на клубскиот куп ќе ја преставуваат Алкалоид и Асеко Гамбит  а вкупно на првенството ќе настапат повеќе од 500 шахисти од 62 клуба од цела Европа.  Мечевите ќе се играат во х.Александар Палас почнувајќи од утре недела , секој ден во 15 часот и ќе трае до 25-ти октомври.