Живот
25. April 2017 - 10:00

Свадба за паметење: Кумот донесе шифуњер, па гостите заиграа чочек со него

Ромска свадба. Познати по повеќедневнаите веселби, безгранично арчење пари, куп адети, меѓу кои и најава или покажување на тоа, кој каков подарок купил за младоженците. Тоа е веќе познато и видено.

Ама дека треба да се игара оро или во случајов „чучек со поклонот“… ?!? Ама ете, на ромска свадба да ти имало и тоа! Особено ако поклонот е „шифуњер“ од кумот од Немачка!