Живот
23. March 2017 - 13:13

Сузана Манчиќ во шок: Ќерка и тајно се омажи за 20 години постар бизнисмен!

Теодора Куниќ (23), ќерка на Сузана Манчиќ (60), се омажи во тајност во Лас Вегас за 20 години постар бизнисмен,

Ќерката на лото девојката и музичарот Небојша Куниќ ја шокираше јавноста кога пред две години обелодени дека е во врска со значително постар маж.

Сузана не ни претпоставуваше дека Теодора ќе организира венчавка далеку од Србија и за тоа нема да каже никому.

1suzana

-На Сузана и беше навистина жал што не присуствуваше на венчавката на ќерка си и што не ни знаеше дека таа ќе се мажи. Сепак Теодора и објасни дека импулсивно одлучиле да се венчаат во Америка, а планираат голема свадба во Белград, изјави извор близок до водителката.

Инаку парот се сврши во 2015 на патување во Виена.

2suzana