Свет
15. September 2016 - 8:33

Сузан Рајс: Сириската опозиција нема да успее да го симне од власт Башар ал Асад

Силите на сириската опозиција, како што се чини, никогаш нема да се консолидираат до таа мера за да можат да го соборат владејачкиот режим на Башар ал Асад, изјави денеска советничката на претседателот на САД за национална безбедност Сузан Рајс.

- Асад никогаш нема да може да го врати легитимитетот во целата земја, а опозицијата, најверојатно, никогаш нема да стане толку силна за да го урне Асад, изјави Рајс во говор во Џорџтаун универзитетот, пренесува ТАСС..

Сузан Рајс истакна дека сириската опозиција во моментов е „исклучително раситнета“.

- Американската администрација поддржува политичко дипломатско решавање на конфликтот, истакна Рајс.