Ракомет
9. October 2017 - 9:29

Суслина во TO-5 одбрани, Цвијиќ меѓу трите ѕвезди на колото

Вардар го победи ФТЦ со 34-31 во првото коло од групната фаза на лигата на шампионите, а две ракометарки на нашиот тим веднаш влегоа во изборот на ЕХФ.
 
 
Голманката Ина Суслина влезе во второто полувреме на средбата кога победникот веќе беше решен, а продолжи да брани подеднакво добро како и нејзината колешка Амандин Лејно дотогаш. Суслина имаше неколку добро одбрани, а една е избрана од страна на ЕХФ во најдобрите пет на колото.
 
Одбраната на Суслина погледнете ја на следниот линк
 
Место во изборите на ЕХФ што се први секое коло имаше и за Драгана Цвијиќ. Таа е меѓу трите најдобри ѕвезди на колото. Постигна седум голови и играше одлично, и во одбрана и во напад.
 
Изборот на трите ѕвезди на колото можете да ги погледнете тука.