Ракомет
23. October 2017 - 8:17

Суслина меѓу „трите ѕвезди“ на колото

Ракометарките на Вардар ја постигнаа и третата победа во Лигата на шампионите, а една од најзаслужните беше искусната Ина Суслина. Голманот на Вардар со своето влегување имаше серија одбрани, по кои „вардарки“ се одлепија.

Покрај Суслина во изборот на „трите ѕвезди“ се најдоа уште: Луисе Катарина Бургард од Митјиланд и Марина Рајчиќ голман на Мец.
Една од интервенциите на Суслина е рангирана и како број 5 во изборот ТОП 5.