Балкан
19. October 2017 - 12:04

Сурир на полицијата со грчки верници на протести поради театарска претстава

Грчката полиција синоќа употреби сила при обид да спречи група монаси, свештеници и други православни верници да влезат во театар во знак на протест поради претстава за која тврдат дека е богохулна.

Со грчки знамиња в раце, дел од толпата од стотина луѓе се обиде да го пробие полицискиот кордон пред солунскиот театар „Аристотел“, при што припадниците на јавниот ред и мир употребија гумени палки.

Нивното незадоволство е поради претставата „Часот на ѓаволот“, адаптација на историјата од португалскиот автор Фернанд Песоа за разговор меѓу млада жена и убав ѓавол.

Учесниците во протестот скандираа „Масоните надвор од Грција“, а притоа вееја религиозни знамиња и икони.

Актерката во драмата Евгенија Самара изрази изненадување и шок од протестите, а режисерот Григорис Апостолуполос појасни дека во претставата се раскажува за доброто и лошото кај секој народ.