Македонија
26. November 2016 - 9:50

„Суперхерои“ - симфониски концерт за деца на Филхармонија

Поради голем интерес од публиката, Македонската филхармонија денеска напладне ќе го репризира атрактивниот симфониски концерт за деца „Суперхерои“. 

Под диригентската палка на Борјан Цанев, оркестарот на Филхармонијата ќе ги изведе популарните музички теми од филмовите: „Супермен“, „Спајдермен“, „Пиратите од Карибите“, „Е.Т.“, „Индијана Џонс“, „Џемс Бонд“...

Аниматор на публиката и овојпат ќе биде актерот Мартин Јордановски.