Кошарка
15. March 2017 - 21:39

Супер лига: Триумф на Карпош Соколи над Работнички

Освојувачот на Купот на Македонија екипата на Карпош Соколи со победа над Работнички ја почна кошаркарската Супер лига. Карпош Соколи како домаќин слевеше со 94:90 (20:23; 30:18; 25:25; 19:24). Решавачката предност домашниот тим ја направи во третиот период.
Најефикасен кај победникот беше Бојан Трајковски со 20 поени, а Драган Зековиќ постигна 19, додека Димче Тасовски кај Работнички реализираше 37 поени. Екипата на Работнички настапи без повредениот Ѓорѓи Чековски.
Во саботата Куманово по продолжение го победи Кожув со 108:103.
Последниот натпревар од 1.коло се игра утре, а шампионот МЗТ Скопје Аеродром е домаќин на Фени Индустри. Почетокот е во 18 часот.