Кошарка
12. March 2017 - 10:00

Супер лига: Првата победа за Куманово

Кошаркарите Куманово по продолжение синоќа ја постигнаа првата победа во кошаркарската Супер лига. Тие на домашен терен го совладаа Кожува со 108:103. Комплетната прва петорка на Куманово имаше двоцифрен број поени, а најефикасен беше Марјан Јанески со 29, додека на натпреварот најмногу постигна Кенион Мек Нил од Кожув 31 поен.
Другите дуели од 1.коло се одложени и ќе се играат следниве денови: Карпош Соколи – Работнички (15.март) и МЗТ Скопје Аеродорм – Фени Индустри (16.март).
На дуелите од стартното коло од плеј аут лигата: Струмица – Вардар 63:61 и Пелистер – Охрид 66:83.