Ракомет
22. October 2017 - 10:25

Супер лига: Пролет славеше на гостински терен против Охрид

Во рамките на 6.коло од ракометната Супер лига синоќа се одиграа три натпревари, а важна гостинска победа постигнаа ракометарите на Пролет на теренот на Охрид со 21:19.
Без победник заврши дуелот во Радовиш меѓу истоимената домашна екипа и Металург 2 24:24, додека очекувано Еурофарм Работник го совлада Борец 31:24.
На 24.октомври играат Вардар Јуниор - Прилеп, додека во ова коло слободен е Пелистер.
Табела: Пелистер 12 бода, Еурофарм Работник 10, Пролет 10, Охрид 7, Борец 7, Радовиш 7, Металург 2 4, Прилеп 3, Вардар Јуниор 3.
 
фото: www:ohridnews.com