Ракомет
7. December 2015 - 8:48

Супер лига: Победи за Пелистер и Борец

Ракометарите на Пелистер и на Борец постигнаа победи на дуелите од 12.коло од Супер лигата. Пелистер го совлада Вардар Јуниор со 27:22, додека Борец беше поуспешен од Пролет со 21:16.

Од ова коло претходно Работнички победи на гостувањето кај Радовиш со 26:24, а триумф оствари и Прилеппротив Металург 2 во салата во Автокоманда со 43:34.
Дуелот на двете првопласирани екипи на табелата Металург - Охрид се игра во четврток од 18 часот во салата во Автокоманда.
Табела: Металург 33 бодови, Охрид 27, Прилеп 24, Работнички 24, Вардар Ј. 18, Радовиш 15, Пелистер 12, Пролет 12, Борец 10, Металург (2) 1.