Ракомет
30. October 2016 - 9:34

Супер лига: Пелистер изненаден од Металург 2

Ракометарите на Пелистер доживеаја непријатно изненадување откако синоќа во натпревар од 8.коло од Супер лигата загубија на домашен терен од младиот тим на Металург со 32:31. Ова за Пелистер е втор пораз во шампионатот од Супер лигата.

Во другите натпревари од 7.коло на машката Суперлига беа постигнати овие резултати: Прилеп - ГРК Борец 33-30, Радовиш – Работнички 33-21, Пролет– Охрид 25-29 и Еурофарм Работник - Вардар J. 30-24.
 
 
Табела: Охрид 16 бода, Еурофарм Работник 16, Пелистер 16, Прилеп 15, Металург II 14, Пролет 13, Радовиш 13, Борец 5, Вардар Јуниор 4, Работнички 0.