Кошарка
15. April 2017 - 20:41

Супер лига: Голема победа на Куманово над Работнички

Екипата на Куманово вечерва го победи Работнички со 79:77 и ги зголеми шансите за пласман во полуфиналето од кошаркарскиот плеј-оф на македонскиот шампионат.

За Куманово ова беше втора победа во седмиот натпревар на Супер лигата, Работнички го доживеа третиот пораз.

На другите два дуела од 7.коло победи за фаворитите:
МЗТ Скопје – Кожув 79:75 и 
Карпош Соколи – Фени Индустри 83:61.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 7-0 (победи-порази), Карпош Соколи 5-2, Работнички 4-3, Кожув 2-5, Куманово 2-5 и Фени Индустри 1-6.