Ракомет
24. March 2017 - 9:04

Супер лига: Еурофарм Работник очекувано до победата над Работнички

Ракометарите на Еурофарм Работник со победата над Работнички постигната синоќа со 31:26 го завршија делот од натпреварувањето во Супер лигата. Работник е лидер на табелата со 40 бодови, но и натпревар повеќе од конкурентите.

Вечерва се играат два дуела од 18.коло: Пролет - Борец и Пелистер - Вардар Јуниор (почеток 18 часот). Во сабота се играат дуелите: Радовиш - Охрид и Прилеп - Металург 2.
Табела: Еурофарм Работник 40 бодови, Охрид 40, Пелистер 40, Борец 29, Радовиш 25, Прилеп 23, Пролет 22, Металург 2 18, Вардар Јуниор 14, Работнички 0.