Бизнис
16. јуни 2017 - 16:22

Супер Купот ги наполни хотелите во Скопје - ноќевање и до 2000 евра

Скопје стана најпоскаувана дестинација во Европа. Најголем дел од сметсувачките капацитети во градот се распродадени во период од 7 до 9 август.  На месец и половина пред супер куп натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Реал Мадрид цената на хотелското сместување во градот се зголеми неколкукратно. Малкуте слободни соби пак сега се продаваат по цена и до 3000 евра за две ноќевања со појадок за две лица.

Хотелиерите велат нормално е цената да расте во услови на голема побарувачка.

Угосителите во Скопје велат дека се подготвени за големиот број гости, но бараат поддршка и од градот. Најпрво, ограничувањето на работното време на угостителски објекти  во тие два дена да не важи.

Ѕвездите на Манчестер ќе бидат сместени во хотелот Плаза, а на Реал во Александар палас. Напреварот меѓу нив се очекува да го следат над 23000 навивачи од цела Европа, карите се во он лајн продажба.