Ракомет
26. August 2017 - 19:39

Супер глоуб: Вардар - Барселона 29:32

Ракометарите на Барселона постигнаа победа од 32:29 во полуфиналето од „Супер Глоуб“ над европскиот првак Вардар и со тоа му се реваншираа за поразот во Келн од Лигата на шампионите. По овој пораз европскиот шампион Вардар во понеделник во дуелот за 3.место ќе игра со поразениот од второто полуфинале меѓу Ал Сад (Катар) и Фуксе Берлин (Германија).

По водството на Вардар од 1:0, Барселона направи серија од 10:2 и „црвено-црните“ во тој период (до 22.минута) имаа десет минути без постигнат гол. Сепак, избраниците на Раул Гонзалез се вратија резултатски и на полувреме Барселона водеше 15:12. Во вториот дел Вардар успеа да изедначи на 24:24 во 48.минута, до 55.минута Барселона водеше со гол предност кога беше и последното изедначување 28:28. Во финишот „каталонците“ стигнаа до победата од 32:29.

Најефикасни кај Вардар беа Лука Циндриќ со 7 голови и Вуко Борозан со 6.

Кај Барселона најпрецизен беше Дика Мем со 6 голови, а голманот Перез де Варгас имаше 16 одбрани.