Бизнис
27. July 2017 - 16:34

Сугаревски најавува зголемување на трошоците за автопатите низ државата

Вредноста за новите автопати ќе се зголеми за дополнителни 20 милиони евра.

Толку ќе чинат пропустите кои се направени  во изградбата на автопатот Миладиновци – Штип , рече министерто за транспорт Сугаревсики.

Проблеми има со појава на свлечишта, потребно е да се направи дислокација на далноводи, на водоводни мрежи , а ќе биде потребна и дополнителна експропријација на земјиштето.

Поради ваквите грешки рече Сугаревски автопатот кој требаше да биде готов до први мај годинава наместо 206 милиони евра ќе чини многу повеќе.

-При проверка на архивата најден е документ со кои се бара склучување на анекс за продлжување на работните активности за уште една година. Со овој документ се потврдува дека претходниот министер од претходната Влада во април  на само неколку дена пред да биде пуштен автопатото во употреба доставил информација до Владата дека 32 отсто од патото не се завршени. Знаеле за пропустите и ги криеле од јавноста, а автопатот од 206 милиони евра се градел со низа пропусти, рече  Горан Сугаревски- министер за траснпорт и врски.

Веќе имале и средба со претставници од кинеската компанијата Сунохидро  која го гради автопатот. Тие побарале продолжување на работите на терен за уште една година.

Претходно Сугаревски посочи дека пропусти има и во изградбата на автопатото Кичево - Охрид поради кои ќе бидат потребни дополнителни 120 милиони евра. Автопатот пак од Демир Капија- Смоквица  се очекува да биде пуштен во употртеба до крајот на годинава.