Бизнис
2. July 2017 - 16:15

Сугаревски: Автопатот Кичево - Охрид ќе чини 120 милиони евра повеќе поради лошо планирање и изведба

Дополнителниот трошок за изградба на автопатот Кичево – Охрид е проценет на 120 милиони евра, соопшти министерот за транспорт Сугарски, кој денес ја претстави првичната анализа за состојбата на проектот.

Тој изјави дека заради лошо планирање и изведба еден од најголемите проблеми кај земјените траси е појава на свлечишта, лизгање на земјиштето и дека тоа било најизразено на патот Кичево - Пресека, меѓу 12-иот и 18 километар од автопатот.

Анализата покажала и дека заради недоволни геотехнички и истражни работи тунел на автопатот кој требало да чини околу 30 милиони евра, поскапел на близу 89 милиони евра заради промена на заштитната облога на тунелот во најтешка категорија. Сугарски рече и дека порадо недостатоци на проектот  подоцна бил проектиран уште еден тунел од 350 метри.

- Од одговорните за надзор се побарани решенија и предлагано е да се измени проектот со проширување на ископот, односно со зголемување на ископ на земјените работи, но решението се одлагаше, а ваквото неодговорно работење предизвикува дополнителен трошок од 120 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните на Македонија, трошок кој го предизвика неодговорното и расипничко владеење на Никола Груевски, рече Сугарески.

Сугарески рече дека секој нареден инфраструктурен проект владата ќе го заснова на сеопфатни анализи и квалитетни проекти.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека бројките кои министерот ги споменува се лага и конструкција и дека имаат за цел да го девалвираат проектот. Според нив, владеачката партија во изградбата на патиштата гледа можност за, како што велат, екстра криминална заработка со избор на нови фирми.

- Ако има отстапки од проектите тогаш Сугарески вината треба да ја бара во неговата партија чија влада ги изготвила и никогаш не ги реализирала затоа што немала компетентност и капацитет за тоа, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Автопатот Кичево – Охрид е проектиран со должина од 57 км. Првичниот буџет за изградба е 374 милиони евра, финансирани со заем од ЕКСИМ банката и од буџетот на ЈПДП.