Сугарески - Жбогар: Изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица во предвидените рокови
Изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица на Коридорот 10, проект што се реализира со поддршка од Европската унија, ќе се движи во рамки на предвидените рокови, навел министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска на средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар, соопшти Министерството за транспорт и врски.
Преку законски измени, посочил Сугарески, олеснети се постапките за ставање на автопатот во функција.
На средбата се разговарало и за изградба на железницата на Коридор 8, проектот за реконструкција на 10-те железнички станици на Коридор 10 и Коридор 10 д како и изградбата на експресниот пат Градско-Дреново втора фаза која е финансирана со грант од Европската Унија.
Станало збор за проектите што се поддржани од Европската унија и нивната реализација.
- Како Влада максимално сме посветени на нивна реализација бидејќи поддршката што ни ја овозможува Европската Унија е од огромно значење за економскиот развој на Република Македонија. Како Министерство за транспорт и врски задоволство ни е што имаме таков партнер и се надевам дека ваквата соработа ќе продолжи и во иднина, рекол Сугарески
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто