Сугарески: Следниот месец оглас за распределба на 79 социјални станови
Министерството за транспорт и врски следниот месец ќе распише оглас за распределба на 79 социјални станови низ повеќе градови во државата, од кои 59 се за лица од социјален ризик и 20 за лица со ниски примања.
- Најважно ни е постапката која ќе се води да биде максимално транспарентна. Тврдам дека нема да дозволиме да се случуваат никакви манипулации со цел на најранливите категории граѓани Министерството за транспорт и врски и Владата да им помогнат да го решат станбеното прашање, изјави денеска министерот за транспрот и врски Горан Сугареси.
Од 59-те станови наменети за лица од социјален ризик, 39 се во Кочани, а 10 во Македонски Брод, и за нив првпат се врши распределба, а по тој основ ќе се делат и три во Прилеп, по два во Штип, Берово и Крива Паланка и еден во Кичево кои се слободни по разни основи.
Согласно анализата на ресорното Министерство и ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, за лица со ниски примања има седум слободни станови во Велес, по три во Кратово и Кочани, два во Прилеп и по еден стан во Крива Паланка, Дебар, Тетово, Гостивар и Штип.
За распределба на становите ќе се формира посебна комисија која ќе ги разгледува сите пријави.
Становите за лица од социјален ризик ќе ги опфаќаат категориите деца без родители или родителска грижа, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице, припадници на ромската заедница кои се социјално загрозени, самохрани родители со малолетни деца, како и слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош.
Како што најави претходно Сугарески, во следниот период планирана еизградба на 467 социјални станови во Скопје, Пехчево, Свети Николе, Виница и Пробиштип.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра