Македонија
22. September 2016 - 14:37

Сугарески: Надлежните да одговорат за катастрофалните последици од поплавите

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугаревски денеска на прес-конференција ги повика сегашните и поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ да дојдат и да одговараат на прашањата на пратениците на надзорната расправа за поплавите што го зафати  Скопско на 6 август.

- Раководните кадри на ВМРО-ДПМНЕ во институциите се одговорни за катастрофалните последици од поплавите кои однесоа најмалку 23 човечки животи, рече Сугаревски.

Тој потсети и на огромните материјални штети и последиците од поплавите, а обвини дека некои семејства го немаат добиено ниту авансот од 500 евра што го вети државата.