Бизнис
9. February 2018 - 20:00

Сугарески ги повика градоначалниците да почнат да работат, за да не доцни гасификацијата

Нерешените имотни односи ја кочат гасификацијата.  Министерот Сугаревски и првиот човек на МЕР Котевски ги седнаа на маса градоначалниците на 17 општини. Бараат тие да бидат поактивни  и да почнат со решавање на проблемите со приватните имоти-  онаму каде траба да поминуваат цефките од магистралниот гасовод.  Да го подготват теренот за да може да тече неговата изградба , а кога ќе заврши  да не се губи време туку веднаш  да почне и изградбата на мрежите во самите општини.

Надлежените очекуваат првите приклучоци да бидат за две години. Но гасификацијата би била успешна само ако  се вклучат сите инволвирани страни.

За годинава се планира и изградна на 80 километри гасовод за што обезбедени се 40 милиони евра.  Досега завршени  се само 17 отсто од гасоводите Скопје – Гостива со крак до Тетово и Неготино- Битола.